| четврток, 6 декември 2018 |

Маја Вукичевиќ победи на „Охрид фест“

Нашата позната поп пејачка Маја Вукиќевиќ е победничка на овогодинешниот фестивал „Охрид фест“ познат уште и како „Охридски трубадури“.

Маја настапи на поп вечерта во придружба на двајца тенори и еден баритон познати под името „Gentlemen“, кои блеснаа на сцената на Долни сарај со композицијата „Сонувач“, авторско дело на поетесата Ксенија Николова и маестро Љупчо Николовски, при што ја освоија првата награда од стручното жири.

Маја Вукичевиќ беше облечена во креација на Мила Кадриу и стајлингот на Даниел Николовски.

Фестивалот продолжува и вечерва со Интернационалната вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top