Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска во Виена дека постои можност неговата Влада да побара предвремени избори и оти шансите за тоа се 50 спрема 50, при тоа не посочувајќи ги мотивите за ваквата можност.
– Одлуката за тоа дали ќе побараме избори ќе биде донесена до крајот на септември, рече Вучиќ, кој стана премиер во април 2014 година по победата на неговата конзервативна Српска прогресивна партија.
Редовните парламентарни избори во Србија треба да се одржат во 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.