| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу на 11 опозиционери им понуди место во привремената влада

Iraqi Foreign Minister Hoshiyar Zebari (R) and Ahmet Davutoglu, chief foreign policy adviser to Turkish Prime Minister Tayyip Erdogan, hold a joint news conference in BaghdadАхмет Давутоглу покани 11 членови на опозицијата да учествуваат во привремената влада, која ќе раководии со земјата се до предвремените избори во ноември.

Пет членови се на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) и по тројца членови на Партијата на национално движење (МХП) и на прокурдската Демократска партија на народите (ХАДЕП). Тие имаат рок до утре до 18 часот да ги прифатат или да се откажат од функциите.

ЦХП и МХП изјавија дека нема да учествуваат во привремената влада, додека ХАДЕП истакна дека ќе учествува. Местата кои нема да бидат заземени од опозициските партии ќе им бидат понудени на независни кандидати, надвор од Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top