| четврток, 6 декември 2018 |

Милан се поблску до Витсел, Зенит ја намали цената за 10 милиони евра

Италијанскиот гигант Милан и неговите симпатизери конечно можат да се радуваат бидејќи управата на рускиот тим Зенит се сложи да ја намали цената за белгискиот репрезентативец Аксел Витсел за цели 10 милиони евра.
Откако на почетокот на летниот преоден рок Зенит не сакаше да чуе за сума помала од 35 милиони евра, на последниот состанок на двата тима одржан на Сицилија, Русите се сложни да го пуштат Витсел за 25 милиони евра и дополнително овие пари да ги добијат на неколку рати нешто што дополнително ќе биде олеснителна околност за „росонерите“ и го приближуваат фудбалерот кон „Сан Сиро“.

Во меѓувреме Силвио Берлускони лично го стопирал трансферот на Соријано во Милан, со изговор дека се сомнева во квалитетите на овој фудбалер или можеби сеуште се надевал на доведување на Витсел во Милано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top