| четврток, 6 декември 2018 |

ПАСОК го обвини Ципрас за уништување на грчкиот Устав

genimata pasokЛидерката на грчката опозициска ПАСОК Фофи Генимата денеска го обвини премиерот Алексис Ципрас дека го уништува Уставот пред да се спроведат мерките во вредност од 14 милијарди евра.

– Тој го призна неговиот неуспех, неговата слабост да се справи со проблемите. Тој бега …. Секогаш кога треба да дејствува, тој се определува за бегство, изјави Генимата за телевизијата Скај.

Според неа, политичките лидери кои ги поддржуваат мерките треба да дискутираат за насоките за нивно спроведување, пред да разговараат за можноста за избори.

– Парламентарното мнозинство е илузија, ние можеме да успееме само ако сме обединети, никој не може на себе да ги преземе трошоците на кризата, истакна лидерката на ПАСОК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top