| четврток, 6 декември 2018 |

Илјарименди го напушта Реал Мадрид, џабе фрлени 32 милиони евра

Шпанскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Асиер Илјарименди деновиве треба да го официјализира враќањето во својот матичен клуб Реал Сосиедад од каде замине во Мадрид за сума од 32 милиони евра.
Тој мина две неславни години во Реал не доби доволно шанса од поранешниот тренер Ачелоти, а и во новата сезона и новиот тренер Рафа Бенитез нема да смета на неговите услуги. ж
Тој додјде во „кралскиот клуб“ во јули 2013 година по одличните настапи за младата репрезентација на Шпанија до 21 година на Европското првенство каде беше еден од најдобрите на турнирот и со право беше избран во идеалниот состав. Тоа го примами претседателот на Реал, Флорентино Перез да инвестира огроман сума пари, која посеизгледа сега ќе ја загуби.
Илјарименди треба да се врати Сосиедад за нешто повеќе од 20 милиони евра и дополнителни три во зависност од неговиот учинок на теренот оваа сезона.

Инаку, интерес за Илјараменди во летниот преоден рок имаше и од Ливерпул, но двата клуба не успеаја да се договорат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top