| четврток, 6 декември 2018 |

Во манастирот во Матка традиционално ќе се одбележи празникот Успение на пресвета Богородица

 

bogorodicaПо повод одбележувањето на православниот празник Успение на пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во истоимениот манастир во Матка, кај Скопје, утре ќе се одржи вечерна богослужба, духовна академија и полноќно бдеење.

Четврта година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.

На денот на празникот 28 август, во 9.00 часот во манастирот ќе се одржи света божествена литургија со која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top