По повод одбележувањето на православниот празник Успение на пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во истоимениот манастир во Матка, кај Скопје, утре ќе се одржи вечерна богослужба, духовна академија и полноќно бдеење.
Четврта година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.
На денот на празникот 28 август, во 9.00 часот во манастирот ќе се одржи света божествена литургија со која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан.
Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.