Имаме прогрес, денеска имавме многу добра дискусија за прашања во врска со изборниот законик и за изборниот процес и ќе продолжиме утре со разговори на оваа тема, изјави белгискиот експерт Питер Ванхауте, олеснувач во разговорите меѓу партиските работни групи, по денешната средба во Клубот на пратеници во Скопје.
– Не е лесно, но оптимист сум дека ќе успееме, изјави Ванхауте.
Белгискиот експерт најави дека до крајот на неделата се очекува претставниците на преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, да разговараат и за прашањето за специјалниот Јавен обвинител.
Според договорот од Пржино, Специјалниот обвинител треба да биде избран најдоцна до 15 септември, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието. Тој ќе има надлежност да ги истражи случаите „Прислушување“ и „Пуч“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“