Пазарните инспектори не откриваат кои се фирмите кои лани во земјава продавале гориво со послаб квалитет од кое автомобилите трокираат, пишува Дневник“. Но, на јавноста познат и е случајот од 2012 година кога царината утврди дека ОКТА увезувала бензини со помалку октани од декларираното.
Имено, во текот на јули и август 2012 година, рафинеријата од Грција увоз на 76 тони горивио кое го декларирала како безоловен моторен бензин од 95 октани, а контролата утврдила дека треба горивото е со помал октански број, односно дел од него било со 94, а дел со 94,3 октани. По ова поведен е судски спор против рафинеријата.
ОКТА увезува гориво од Грција, од фирмата мајка Хеленик петролеум. Има најголем удел на македонскиот пазар или 60,32% од вкупните колични се увезени од скопската рафиниерија. Втор на пазарот е руски ЛУКОИЛ кој увезува сопствено гориво и учествува со 11,73%, а трет е Супертрејд од Скопје кој е екслузивен увозник на горивата на Шел и има удел од 9,81% на макеоднскиот пазар.
Квалитетот на горивата во земјава се проверува во две акреидтирани лаборатории кои се сопственост на ОКТА и МАКПЕТРОЛ, а осигурителните компании не исплаќаат оштета за автомобили кои се расипале заради лошо гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.