| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија: Старите членки на ЕУ ги крадат од новите парите за справување со бегалската криза

лазар

Владата на Унгарија сака повеќе средства од Европската унија за справување со најтешката бегалска криза по Втората светска војна, изјави шефот на канцеларијата на премиерот Виктор Орбан, Јанош Лазар.

– ЕУ ги распределува фондовите за заштита на границите на понижувачки начин. Старите земји-членки ги крадат парите од новите членки – изјави Лазар во интервју за весникот „Модјар хирлап“.

Унгарија, која е дел од Шенген зоната, регистрираше над сто илјади имигранти од почетокот на оваа година, додека лани нивната бројка изнесуваше 43 илјади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top