Поранешниот македонски шампион и учесник во Лигата на шампионите екипата на Металург, загуби на стартот на силниот турнир „Вардар 2015“ кој е во организација на македонскиот шампион во машка и женска конкуренција.
Металург неможеше да им се спротивстави на гостите од Шведска, тимот на Кристијанштад кој е петкратен шампион на оваа сезона и загуби со 21-28.
Избраниците на Лино Червар немаше сили да се спротивстави на силинот шведски состав, кој од самиот почеток го презема водството и доминираше во текот на целиот натпревар.
Швеѓаните постојано имаа предност од пет до шест гола разлика, која на крајот беше заокружена на седум.
Најефикасни кај Металург беа Божовиќ и Марко Матиќ со по пет гола, додека во победничкиот тим предводеше Моргенштан со шест погодоци. Следниот натпревар за тимот од Автокоманда е денеска повторно во 18 часот, а ќе се сретне со екипата на Краснодар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.