Некој од вашите пријатели е сингл, некој од вашите колеги е сингл? Дали животните предизвици подинамично се доживуваат сингл или зависите од вашата друга половина?
Време е за луда забава
Нема подобро нешто од чувството да не треба да се консултирате за времето на враќање од вечерните излегувања. Ќе признаете дека ви годи танцување до раните утрински часови, а убаво е чувството кога не треба да поднесувате сметка на никого. Наедно не треба да објаснувате дека танцувањето го правите од уживање.
Вие ја одбирате вашата локација
Изборот на локација каде ќе го поминете викендот е лично ваш. Покажете ги вашите лидерски способности организирајќи ги пријателите на трач-состанок со добро кафе, коктел- забава, викенд на планина. Верувајте има многу нови и неоткриени места кои чекаат да ги посетите.
Друштво од спротивниот пол не е забрането
Доколку ви недостига машко/женско друштво во секое време можете да ги повикате пријателите или додворувачките . Кога сте сингл нив ги има во неограничени количини, а на вас останува да ги селектирате најдобрите. Дел од нив заслужуваат шанса барем за момент да се најдат во ваше присуство.
Крај за извештаите и љубоморните сцени
Не е задолжително одговарањето на секој телефонски повик или СМС порака. Состанокот нема да биде прекинуван од повиците од вашиот партнер само за да провери каде сте, кога се враќате и дали во локалот има непосакувано друштво за да не случајно ѕиркате во нив. Љубоморните сцени по телефон или во живо можат само да ви го уништат денот.
Вие господар на вашиот далечински управувач
Зошто да го жртвувате омилениот филм или шоу само затоа што партнерот дака да гледа фудбал, или обратно? Изборот што ќе гледате е само ваш, нема потреба да глумите дека уживате во било кој вид спорт или турска теленовела.
Животот е убав во секој момент. Има толку многу места и поводи за нови познанства и за флертување, а дека никој нема да ви замери за тоа е вистински предизвик.
Добра волја и ентузијазам
Не може било кој да се дрзне да ви суди за вашето работно место, навики, особини и заслуги, за вашите пријатели, стил на облекување и комплетниот стил на живеење. Кога сте сингл одлуките за сето тоа се лично ваши и никој не може и не смее да се дрзне да го коментира вашето животно темпо или да се обиде да ја поколеба вашата самодоверба.
Посветете се на работата и очекувајте го професионалниот раст, разубавете се и храбро зачекорете кон новите познанства, засакајте се и уживајте во сингл периодот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.