| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд и Меркел ќе договараат квоти за прифаќање бегалци

Angela-Merkel-Fransoa-OlandПретседателот на Франција Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе разговараат за квотите за прифаќање бегалци, најави шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус.

Двајцата лидери ќе се состанат во Берлин за да се обидат да помогнат во решавање на најголемата емигрантска криза во последните 50 години, потврдуваат од кабинетот на францускиот претседател.

Владите на земјите од ЕУ во јуни го одбија предлогот на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер да се воведат национални квоти за државите членки за прием на одреден број бегалци и емигранти, кои во сè поголем број пристигнуваат на бреговите на Италија и на Грција.

Во исто време Меѓународната федерација на Црвениот крст и на Црвената полумесечина повика на „поголема поддршка за десетиците илјади загрозени емигранти што влегуваат во Европа преку Западен Балкан“.

– Неопходно е поголемо ниво на соработка и на заеднички напори за да се намират хуманитарните потреби на загрозените – наведува ИФРЦ во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top