Премиерот Никола Груевски, денеска заедно со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, заменик министерот за образование Спиро Ристовски, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директори на повеќе јавно градски претпријатија ги посетија населените места: Моране, Студеничано, Долно Количани, Љубош, Батинци и Цветово во општина Студеничани каде се сретнаа со жителите од оваа општина.
На барање на граѓаните премиерот Груевски го задолжи градоначалникот Трајановски да ја продолжи линијата на Јавното сообраќајно претријатие до центарот на Моране, а Трајaновски се заложи во најкус можен рок тоа да се реши.
Граѓаните се интересираа и за водоводната мрежа за која Градот Скопје и помага на општината за проектната документација, а преку Министерството за транспорт и врски обезбедија и изградија околу 1,2 километри од водоводната мрежа. Приклучоците се изведени надвор од асфалт, улицата е санирана, а општината треба да реализира дел од градежните работи по што ќе профункционира новата мрежа.
– Тоа се населени рурални места надвор од градот Скопје, но релативно блиску до Скопје кои си имаат свои проблеми како и секое друго населено место. Денес се фокусиравме на овие четири-пет населени места кои си имаат свои проблеми и гледаме колку што можеме најгорливите проблеми да ги решиме. Еден дел сме ги решиле и тоа е добро. Луѓето се задоволни и го памтат тоа,изјави премеирот Груевски по посетата на Цветово.
Се договори, исто така на барање на граѓаните, преку Министерството за транспорт и врски да се разгледа можноста да и се помогне на општина Студеничани да се изгради пречистителна станица, како и да се разговара со ЕВН Македонија да се надминат проблемите со снабдување со електрична енергија.
Премиерот Груевски го посети и населеното место Студеничани при што освен средбите со граѓани, ја посети и општината и оствари средба со претседателот на Советот Кенан Имери кој го информираше за општинските проекти и средствата кои преку Владата и ИПА програмата се ставени на располагање и се користат во делот на патната инфрструктура и изградба на комунална мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски