| четврток, 6 декември 2018 |

Во МНР состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на РМ

мнр
Во Министерството за надворешни работи утре и задутре ќе се одржи работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија. На покана на домаќинот, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, како почесни гости ќе учествуваат неговите колеги од Република Бугарија Даниел Митов и од Република Албанија, Дитмир Бушати.

 
Како што соопшти МНР, амбасадорскиот состанок ќе го отвори министерот Попоски, а ќе се обратат и министрите Митов и Бушати кои ќе имаат интерактивна дискусија со шефовите на ДКП-та за актуелните надворешни политички прашања во рамките на ЕУ и НАТО, процесот на европската и евро-атланска интеграција на Балканот и за перспективите на регионалната соработка.
 
На Амбасадорскиот состанок свое обраќање ќе имаат и претседателот на државата Ѓорѓе Ивановпремиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски, како и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владмир Пешевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top