Австрискиот министер се залага за меѓународна акција против Исламска држава, каде смета дека Австрија треба да учествува со обезбедување на опрема.
Според него, бегалците треба да бидат заштитени и згрижени во близина на нивната татковина. – Мора да направиме повеќе на терен и да воспоставиме прифатни центри за бегалците, што бегаат од теророт, нагласи Курц.
Курц, исто така, истакна дека е неопходно бегалците барањата за азил да ги постават во тие прифатни центри во земјите од кои доаѓаат или во соседните држави. – Моментално немаме одржлив систем. Мажите се борат со шверц кон Европа, а послабите жени и деца остануваат, предупреди тој.
Австрискиот министер, меѓу другото, се заложи и за одредување квоти за распределба на бегалците во ЕУ. – Германската канцеларка Ангела Меркел неодамна уште еднаш презема чекори за подобра распределба, што во целост го поддржувам, изјави австрискот министер за надворешни работи.
Курц предлогот го упатил и до Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини пред конференцијата за Западен Балкан, што на 27 август ќе се одржи во Виена
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.