| четврток, 6 декември 2018 |

Атина ги насочува бегалците директно кон Македонија

Migrants wait permission to cross in Macedonia on their way for the western Europe countriesБугарската агенција БГНЕС објави репортажа за проблемите на бегалците кои патуваат од Грција кон Македонија. Во неа се опишува како пристигнатите околу 200 бегалци на грчко-македонската граница биле пречекани од страна на македонски полицајци со зборовите дека границите се затворени и дека нема да има воз. Дел од бегалците пристигнале со камиони, а другите чекаат на пероните, во очекување да го продолжат патот.

Дел од нив ги покажале документите кои им се дадени од страна на грчките власти, а со нив практично Атина директно ги насочува кон Македонија бегалците од Сирија и други државите, кои пристигнуваат на грчкте островите.

Од овие документи се гледа како на бегалците директно им се наредува да одат во службата за бегалските прашања – наведена е улицата, датумот и работното време на институцијата. Експлицитно е потенцирано дека имигрантите немаат право да останат на островот Крф или, пак, во градовите Кукуш или Солун, пишува БГНЕС.

Документите се напишани главно на грчки јазик, додека, пак, само упатствата за работата на имиграциските служби и забраната за останување на грчка територија се преведени на англиски и на арапски.

Пристигнатите бегалци во Македонија потоа добиваат документи на кои на англиски и француски јазик им е објаснето дека цената на билетот за возот Гевгелија-Табановце е 10 евра и дека без купен билет на имигрантите нема да им биде дозволено да се качат.

Во последните два месеца во Македонија од Грција влегле над 41 илјада луѓе, а од четвртокот во Македонија е прогласена вонредна состојба на јужната и северната граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top