| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки мун апелира за запирање на тензиите меѓу двете Кореји

bankimunГенералниот секретар на ОН Бан Ки мун ги повика денеска Северна и Јужна Кореја на дијалог и да ја запрат ескалацијата на тензиите на поделениот полуостров.

Портпарол на генералниот секретар соопшти дека Бан апелирал до двете страни да се воздржат од преземање понатамошни мерки кои би ги засилиле тензиите.

Бан наведува дека е длабоко загрижен поради ситуацијата на Корејскиот полуостров и повика на дијалог.

Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хје нареди армијата да биде подготвена за остри одговори во случај на нови провокации од северниот сосед.

До заострување на состојбата дојде вчера по размена на артилериски оган меѓу двете Кореи во западниот дел од демилитаризираната зона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top