Генералниот секретар на ОН Бан Ки мун ги повика денеска Северна и Јужна Кореја на дијалог и да ја запрат ескалацијата на тензиите на поделениот полуостров.
Портпарол на генералниот секретар соопшти дека Бан апелирал до двете страни да се воздржат од преземање понатамошни мерки кои би ги засилиле тензиите.
Бан наведува дека е длабоко загрижен поради ситуацијата на Корејскиот полуостров и повика на дијалог.
Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хје нареди армијата да биде подготвена за остри одговори во случај на нови провокации од северниот сосед.
До заострување на состојбата дојде вчера по размена на артилериски оган меѓу двете Кореи во западниот дел од демилитаризираната зона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит