| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон: Турција мора да стори повеќе во борбата против ИСИС

ImageТурција мора целосно да ја преземе својата улога во американската кампања на воздушни удари врз џихадистичката организација Исламска држава, како и подобро да ја контролира својата граница со Сирија, оцени американскиот министер за одбрана, Ештон Картер.

Турција, по повеќемесечните критики од своите западни сојузници, кон крајот на јули се приклучи во борбата со ултрарадикалните сунитски џихадисти од Исламската држава, во прв ред со дозволување борбените авиони на антиџихадистичката коалиција предводена од САД да ги користат нејзините воздухопловни бази за полетување и слетување.

Сепак., турското дејствување е многу ограничено, и сé повеќе се чини оти Анкара се концентрирала и нејзина основна цел е да им зададе удар на силите на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК), откако преговорите за постигнување мир цела година не напредуваа.

Меѓутоа, Анкара мора да ги отстапи своите авиони на воената структура којашто ги координира ударите позната како „air tasking order“ или АТО, порача во четвртокот вечерта, американскиот министер за одбрана Ештон Картер.

-Треба (Турција) да се приклучат на АТО и повеќе да работат на контролата на својата граница. Тоа јасно го кажавме. Турските челници самите рекоа дека тоа мора да се стори. Со тоа се доцни, имајќи предвид дека кампањата започна пред една година, но тие сега вложуваат големи напор- истакна Картер во разговор со повеќе новинари.

Исламската дражва сé уште може да носи борци, оружје и опрема преку турско-сириската граница, смета Картер. „Не мислам дека им недостига добра волја“, додаде американскиот министер за одбрана во врска со залагањата на турските челници, но тоа што овозможија пристап до својата база Инџирлик е „важно, но не и доволно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top