| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган повика на избори во Турција на 1-ви ноември

ердоганТурскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во петокот повика на одржување на предвремените парламентарни избори на 1-ви ноември, по неуспешните преговори на неговата Партија на правдата и развојот (AKP) за формирање коалициска влада, откако на изборите на 7-ми јуни првпат по 2002 година не успеа да освои доволно пратенички мандати самата да владее.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган предлогот за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори им го соопшти на турските новинари при излегувањето од џамија по традиционалната петочна пладневна молитва. Додаде дека за тоа во понеделник ќе се сретне со претседателот на парламентот. Појасни, дека шефот на државата, според уставот, може да повика на одржување на предвремените избори.

Повикувајќи на новите избори Ердоган ја заобиколи одредбата за изјаснувањето на парламентот за целисходност на новите избори. Во таквите услови земјата има потреба од преодна влада, составена од претставниците на секоја партиите застапени во парламентот во очекување на изборите.

Опозицијата, смета дека Ердоган постојано смета на стравот и нестабилноста за да постигне новите избори повторно да ѝ дадат можност на AKP да има апсолутно мнозинство. Во тој контекст, тие сметаат дека владата токму пред еден месец ја започна операција, којашто ја критикуваат дека е повеќе насочена против забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), со што се прекинати мировните преговори започнати во 2013 година, отколку што е против Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top