| четврток, 6 декември 2018 |

Желбата на Михајловиќ исполнета, Милан го договори Роберто Соријано

roberto sorijano

Раководстово на Милан по десетдневни преговори успеа да го договори трансферот на играчот од средниот ред на Сампдорија, Роберто Соријано за 10 милиони евра.
Тој е доведен во тимот на барање на новиот тренер Синиша Михајловиќ кој имаше голема соработка со Соријано додека беше тренер на Сампа и токму затоа инсистираше на овој фудбалер за да ги пополни дупките во средниот ред. Во обратен правец ќе се упати Ночерино кој очигледно не ги задоволи вкусовите на Србинот, а дополнително ја олесни работата и тренерот на Сампдорија, Валтер Ѕенга кој инсистираше на овој фудбалер.

Според најавите од таборот на „росонерите“, ростерот е скоро целосно дефиниран, а до крајот на месецов ќе претстои само уште еден последен обид да се дојде до Златан Ибрахимовиќ, за кого ПСЖ барем досега не сакаше да преговара за евентуално заминување од „Паркот на принцовите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top