| четврток, 6 декември 2018 |

Наjсилната „ауди осумка“ досега со 605 коњски сили

Гер­ман­ска­та ком­па­ни­ја за про­из­водс­тво на лу­ксуз­ни авто­мо­би­ли „Ау­ди“, го прет­ста­ви но­ви­от мо­дел „С8“ кој раз­ви­ва не­ве­ро­јат­ни 605 коњ­ски си­ли

Иа­ко во по­го­ни­те на „Ау­ди“ на­го­ле­мо се ра­бо­ти и се раз­ви­ва но­ва­та ге­не­ра­ци­ја на мо­де­лот „А8“, тие во ме­ѓу­вре­ме ја прет­ста­ви­ја нај­сил­на­та „осум­ка“ про­из­ве­де­на до­се­га со оз­на­ка „С8 плус“.

Audi-S8-Plus-003

Про­даж­ба­та на „ау­ди С8 плус“ е пред­ви­де­на да за­поч­не во но­ем­ври. Раз­ли­ка­та од до­се­гаш­на­та стан­дард­на „С8“, ко­ја е ли­дер во ви­со­ка­та кла­са авто­мо­би­ли, вер­зи­ја­та „С8 плус“ во над­во­реш­ни­от изг­лед до­би нов спој­лер на пок­ло­пе­цот на ге­пе­кот, кој е во бо­ја на ка­ро­се­ри­ја­та. Ку­пу­ва­чот мо­же да би­ра овој спој­лер да го до­бие и во изра­бо­тка од кар­бон­ски влак­на. Цр­на­та бо­ја до­ми­ни­ра на ма­ска­та на ла­дил­ни­кот и на пред­ни­те и на стра­нич­ни­те вшму­ку­вач­ки це­вки за воз­ду­хот.

Audi-S8-Plus-007

Вна­треш­но­ста ја кра­си цр­на­та бо­ја, а це­ли­от ен­те­ри­ер е об­ло­жен со ко­жа, кој за кон­траст до­би при­ши­е­ни кон­ци во цр­ве­на бо­ја.

Audi-S8-Plus-006

Си­те пе­да­ли и пот­по­ра­та за ле­ва­та но­га се изра­бо­те­ни од не’рѓо­су­вач­ки че­лик. Во бо­га­та­та се­ри­ска опре­ма спа­ѓа­ат ам­би­ен­тал­но­то освет­лу­ва­ње, ко­же­ни­те об­ло­ги од ал­кан­та­ра, врв­ни­от мул­ти­ме­ди­ја­лен си­стем, еле­ктрич­но­то за­тво­ра­ње на вра­ти­те, и мно­гу дру­ги до­да­то­ци за по­тре­би­те на си­те пат­ни­ци.

Audi-S8-Plus-004

Нај­важ­но­то по­до­бру­ва­ње во мо­де­лот „С8 плус“ се крие под ха­у­ба­та. Че­ти­ри­ли­тар­ски­от мо­тор ТФСИ до­би до­пол­ни­тел­ни 85 коњ­ски си­ли, па вкуп­на­та си­ла што мо­то­рот се­га ја раз­ви­ва из­не­су­ва не­ве­ро­јат­ни 605 коњ­ски си­ли, со нај­го­лем вр­те­жен мо­мент од 700 њутн-ме­три. Се­то тоа за­ед­но е до­вол­но оваа лу­ксуз­на ли­му­зи­на за 3,8 се­кун­ди да раз­ви­ва од 0 до 100 ки­ло­ме­три на час. Ма­кси­мал­на­та бр­зи­на е еле­ктрон­ски огра­ни­че­на на 250 ки­ло­ме­три на час, но во „Ау­ди“ ну­дат и отво­ре­на вер­зи­ја со ко­ја „С8 плус“ без по­го­ле­ма за­др­шка раз­ви­ва до 305 ки­ло­ме­три на час.

Audi-S8-Plus-002

„Ау­ди С8 плус“ е опре­мен со осум­сте­пен тип­тро­ник авто­мат­ски ме­ну­вач, пре­ку кој си­ла­та на мо­то­рот се рас­по­ре­ду­ва на две­те оски. Авто­мо­би­лот стан­дард­но е со по­себ­но ди­зај­ни­ра­ни 21-инч­ни бан­да­жи изра­бо­те­ни од алу­ми­ни­ум на кои се мон­ти­ра­ни гу­ми со ди­мен­зии 275/35.

По­чет­на­та це­на за ос­нов­ни­от мо­дел из­не­су­ва око­лу 150 ил­ја­ди евра, а со си­те до­да­то­ци кои мо­же да ги по­ба­ра ку­пу­ва­чот ја пре­ми­ну­ва и гра­ни­ца­та од 200 ил­ја­ди. Овој уба­вец на па­ти­шта­та во Евро­па ќе мо­же да го ви­ди­ме до кра­јот оваа го­ди­на.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top