Иако во погоните на „Ауди“ наголемо се работи и се развива новата генерација на моделот „А8“, тие во меѓувреме ја претставија најсилната „осумка“ произведена досега со ознака „С8 плус“.
Продажбата на „ауди С8 плус“ е предвидена да започне во ноември. Разликата од досегашната стандардна „С8“, која е лидер во високата класа автомобили, верзијата „С8 плус“ во надворешниот изглед доби нов спојлер на поклопецот на гепекот, кој е во боја на каросеријата. Купувачот може да бира овој спојлер да го добие и во изработка од карбонски влакна. Црната боја доминира на маската на ладилникот и на предните и на страничните вшмукувачки цевки за воздухот.
Внатрешноста ја краси црната боја, а целиот ентериер е обложен со кожа, кој за контраст доби пришиени конци во црвена боја.
Сите педали и потпората за левата нога се изработени од не’рѓосувачки челик. Во богатата сериска опрема спаѓаат амбиенталното осветлување, кожените облоги од алкантара, врвниот мултимедијален систем, електричното затворање на вратите, и многу други додатоци за потребите на сите патници.
Најважното подобрување во моделот „С8 плус“ се крие под хаубата. Четирилитарскиот мотор ТФСИ доби дополнителни 85 коњски сили, па вкупната сила што моторот сега ја развива изнесува неверојатни 605 коњски сили, со најголем вртежен момент од 700 њутн-метри. Сето тоа заедно е доволно оваа луксузна лимузина за 3,8 секунди да развива од 0 до 100 километри на час. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час, но во „Ауди“ нудат и отворена верзија со која „С8 плус“ без поголема задршка развива до 305 километри на час.
„Ауди С8 плус“ е опремен со осумстепен типтроник автоматски менувач, преку кој силата на моторот се распоредува на двете оски. Автомобилот стандардно е со посебно дизајнирани 21-инчни бандажи изработени од алуминиум на кои се монтирани гуми со димензии 275/35.
Почетната цена за основниот модел изнесува околу 150 илјади евра, а со сите додатоци кои може да ги побара купувачот ја преминува и границата од 200 илјади. Овој убавец на патиштата во Европа ќе може да го видиме до крајот оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст