| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарската индустрија се сели во ЕУ

швај

Речиси половина индустриски фирми во Швајцарија (46 отсто) имаат намера да го преселат своето производство во некоја од земјите на ЕУ, или разгледуваат таква мерка. Основна причина за тоа е неповолното влијание кое на нивното работење има растот на вредноста на франкот.

Според студијата која ја објави швајцарското здружение во индустрискиот сектор Свисмем (машинската индустрија, електрониката, металите), дури 22 отсто анкетирани индустријалци веќе донеле одлука за преселување на дел од производството во ЕУ, за да го спречат идниот пад на маржата, поради силната домашна валута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top