-Новата учебна година во Турција ќе почне на 28 септември, место на 15 септември, како што беше досега- изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Така милиони турски ученици ќе се радуваат уште две недели повеќе од вообичаеното на летниот одмор.
Одлуката на владата е донесена по предлог на министерот за култура и туризам Омер Челик.
Продолжувањето на летниот одмор за учениците има за цел да го поттикне туризмот, особено во поморските летувалишта, со привлекување поголем број домашни туристи.
Кон средината на септември, исто така, претстојат четири неработни денови за муслиманскиот празник Курбан бајрам. Според властите, со тоа што децата сè уште ќе бидат на одмор, ќе се задржат повеќе локални туристи во местата за летување.
Политичката и безбедносна ситуација во Турција, како и тероистичките напади годинава резултираа со значителен одлив на странски и на домашни туристи од земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.