| четврток, 6 декември 2018 |

Врнежлив петок

дождРаботната недела ќе ја „заокружиме“ со уште еден врнежлив ден, пишува Метеопро. Врнежите во петок ќе бидат појава во попладневните и вечерните часови. Претпаденето ќе биде променливо, со умерена облачност.

Поинтензивен дожд, но од локален карактер, може да се очекува во јужната половина од земјата. Во северниот регион врнежите ќе бидат нешто послаби.

Максималната температура ќе има вредност од 27 до 30 степени целзиусови долж повардарието. Југозападниот крај ќе биде посвеж со највисока вредност на температурата околу 25 степени.

Во скопската котлина ќе преовладува пременливо време, повторно претежно сончево претпладне, а попладне и навечер со повремен дожд. Максималната температура ќе има вредност околу 27 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top