Грчкиот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка и најави предвремени избори на 20 септември.
Во телевизиско обраќање што се уште е во тек, Ципрас рече дека има чиста совест и побара од гласачите чист мандат.
Лидерот на опозициската Нова демократија Вангелис Мимаракис ќе одржи прес конференција по обраќањето на Ципрас. Изјави ќе дадат и лидерите на Потами и ПАСОК Ставрос Теодоракис и Фофи Генимата.
Лидерот на Независни Грци, министерот за одбрана Панос Каменос, претходно најави дека на изборите неговата партија ќе настапи самостојно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!