| четврток, 6 декември 2018 |

Траектот со сириски бегалци пристигна во Пиреја

migranti grcijaНеколку илјади сириски бегалци пристигнаа денеска со траектот Елефтерос Венизелос во Пиреја во Атина, во обид да го продолжат својот пат кон северна Европа.

Грчката Влада изнајми траект за да ги префрли мигрантите кои пристигнаа од Турција на јужни грчки острови и да им овозможи да продолжат кон своите конечни одредишта.

Околу 3.000 лица, воглавно Сиријци денеска беа во Пиреја, среќни што се на чекор поблизу до својата конечна дестинација, јавија западни медиуми.

– Минавме четири години војна во Сирија. Мојот најдобар пријател го разнесе бомба… се е подобро од тоа, вели Ламија, 21-годишна од Алепо.

Бегалците од Сирија најчесто патуваат со свото пошироко семејство, кое брои од десетина до 30 членови, а меѓу нив има и деца кои имаат само неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top