Откако беше обелоденето пред неколку дена дека македонскиот репрезентативец Иван Тричковси кариерата ќе ја продолжи во реномираниот полски клуб Легија Варшава, тој вечерва ќе има можност и да дебитира на натпреварот од Лига на Европа против украиснкиот тим Зориа.
Ова го потврди и тренерот на Легија, Хенин Берг кој го истакна задоволството дека екипата добила играч каков што е Тричковски, и пред мечот најави дека тој е подготвен да влезе во игра, но сеуште нема одлучено дали како стартер или пак од клупата за резервни фудбалери.
– Иван Тричковски е подготвен да игра. Тој тренираше со нас и ги мина сите прегледи, но не знам дали ќе може да издржи да игра 90 минути затоа што нема играно натпревар долго време. Без разлика на сѐ, среќни сме што во нашата Легија пристигна играч од типот на Тричковски, тој е добар техничар и брз фудбалер“, изјави Берг.
Натпреварот меѓу Зориа и Легија се игра вечерва од 19 часот на стадионот „Валери Лобановски“ во Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.