Во близина на Велес, над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа манастирот „Св. Димитрија“.Во непосредна близина е и местото викано Црн Камен – Се наоѓа на дваесетина метри од црквата и низ него има дупка, премин низ кој луѓето минуваат.
Некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан. Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир. На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот тој бил откопан и вратен во живот.
Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ. Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и ксмет. Кога се иде првиот пат се мине три пати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно се мине три пати под водопадот
Застани под карпата кај што тече водата. Ако те намокри, чист си пред бога, а ако те заобиколи и ниту една капака не капне врз тебе, носиш некој грев на душата – ова е моќта на светата вода на Црн Камен, велат оние кои го познаваат местото
Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за пород. Треба да се мине трипати
– јас сум една од многуте зени кој имаат видено голема помош од каменот …. 6,5 години сум во брак ..не останав ниту еднаш бремена …имав правено секакви испитувања ..се беше во ред …правев и 4 инсеминациии ..и тие не беа успешни .. подготвив и документи за ИВФ … ми кажаа за каменот во март минатата година …и со сопругот отидовме на 06.05 рано од сабајле купивме претходно конец ( волница ) и ги направивме сите обичаи таму сто ни ги казаа ….јас веднас останав бремена[..сега имам машко бебенце . Имајте само голема верба ….
– – Подолго време бевме во брак но немавме среќа да добиеме дете. Случајно дознавме дека ова место има исцелителска моќ и дојдовме, минавме под водопадот. Наредната година добивме син,
– бев во велес на ЦРНИОТ КАМЕН – ПРВО БЕВ ВО ЦРКВАТА СВ.Димитрија бабта таму ми сплете плетенка после бев горе на црниоткамен се кацивме јас маз ми татко ми мајками свекрвата си зедов каменце после пак се вратив во црквата бабата се молесе на иконите и после дома на плетенката си го сиев и црниот камен претходно завиткан во бело крпце инаце 4 години немам деца верум во мокта на црниот камен до годдинасо бебе дај бозе да отидам и каменот да го вратам.
Месноста Црн камен се посетува првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена се до Спас
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.