Исламската држава има нов главен град кој се наоѓа на северот на Африка, практично на самиот праг на Европа, на само 500 километри оддалеченост од брегот на Малта. Сирт, либискиот град на Средоземното море е во рацете на Исламската држава уште од февруари оваа година, но неодамна ИСИЛ започна со зацврстување на својата власт во овој град.
Имено, џихадистите на ИСИЛ одлучиле Сирт да биде нивно главно упориште и веќе започнаа да ја шират контролата во таа област користејќи го хаосот во Либија. Власта во Либија е поделена помеѓу избраната Влада која што има седиште во Тобрук на истокот и исламистичката Влада на Муслиманското братство со седиште во Триполи. Сето ова го користи ИСИЛ за да ја зајакне својата позиција и тоа им успева.
Ново големо упориште – Арон Зелин, аналитичар на Washington Institute тврди дека Сири веќе станува ново средиште на ИСИЛ, слично како Рака во Сирија и Мосул во Ирак.
„Ова е прв пат ИСИЛ во Либија да почне да ги следи карактеристиките на ИСИЛ од Сирија и Ирак. Тука многу џихадисти преминуваат во ИСИЛ од другите милитантни организации. Потоа ИСИЛ постигнува договори со локалните племиња и на крајот, некои лојални луѓе на Гадафи веќе се префрлија во Исламската држава“, вели Зелин.
Пред неколку дена либиските медиуми пренесоа дека милитантите од Исламската држава убиле 22 ранети лица во Сирт, а потоа ја запалиле болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трамп има право да бара соработка со Русија против ИСИЛ во Сирија
-
Лекари планирале терористички напад со антракс во Кенија
-
Голема акција: Ердоган ги предаде терористите – македонски државјани војувале во редовите на ИСИЛ
-
Светот во шок: Децата ѕверови на ИСИЛ безмилосно ги ликвидираат своите жртви (Фото)