| четврток, 6 декември 2018 |

„Јутарњи лист“: Токсични алги се шират низ плажите на Јадранско Море

алги

Научниците од Центарот за истражување на морето (ЦИМ) во Ровињ предупредуваат дека токсични алги се шират низ плажите од Истра до Дубровник и дека се најопасни за децата, објави загрепскиот весник „Јутарњи лист“.

За токсичните алги од родот „остреопсис“ минатата недела објавија и италијанските медиуми, бидејќи се појавија на брегот на Италија, додека во Хрватска прво се појавија во акваторијата на Ровињ.

Иако алгите не се опасни по здравје, научниците ги предупредија граѓаните со симптоми слични на грип преку електронска пошта да се јават во ЦИМ Ровињ.

Центарот во Ровињ изработи мрежа од станици која обезбедува квалитетен мониторинг и на капачите им доставува информации за безбедните плажи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top