| четврток, 6 декември 2018 |

Кражба во црква во село Волковија

DIGITAL CAMERA

Непознати сторители во текот на изминатите десетина денови извршиле кражба во црквата „Свети Атанасије“ во селото Волковија, информираше денеска портпаролот на СВР – Тетово Марјан Јосифовски.

Случајот во полицијата е пријавен вчера попладне од страна на Ј.С. (65) од Волковија. Според неговата пријава сторителите, најверојатно, низ незаклучената врата влегле во објектот и насилно ја отвориле металната кутија за доброволни прилози од верниците од која одзеле 3.000 денари и незабележани од никого излегле од црквата. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top