| четврток, 6 декември 2018 |

За тенискиот скандал се огласи и Дона Векиќ, не негира, но сака само да се концетрира на следниот меч!

По десеттина дена откако се случи најголемиот скандал во тенисот кога Австралиецот Ник Киргиос на мечот во Мотреал против Станислас Вавринка го навреди противникот со изјавата дека неговата девојка (Дона Векиќ) имала секс со тенисерот Кокинакис, се огласи токму „повиканата“ хрватска тенисерка.
18-годишната тенисерка од Осиек за канадскиот портал „Провинс“ откри дека преживува тешки денови и дека не разговарала со Киргиос, кој јавно ја навреди на турнирот во Монтреал.

безобразниот коментар на Киргиос во кој ги доведе во врска неговиот соиграч од австралиската Дејвис куп репрезентација, Танасиас Кокинакис и девојката на Станислав Вавринка, Дона Векиќ, ја шокира јавноста и предизвика лавина осуди. Киргиос се извини и за своето однесување доби 10.000 долари казна од АТП.

– Не ми е лесно. Се обидувам да се концентрирам на тенисот и на мојот следен меч – изјави Дона Векиќ.

На прашањето дали разговарала со некој од тројцата тенисери замешани во случајот, Хрватката по подолга пауза одговарила дека не разговарала со тенисерот што ја навреди.

– Не знам. Со Киргиос не сум разговарала. Но, ова е големо разочарување за мене и за нашиот спорт. Се надевам дека вакво нешто нема никогаш да се повтори – вели хрватската тенисерка додавајќи дека се таа се обидува да го заборави целиот случај и да се фокусира на тенисот и на враќањето на својата форма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top