Челси извојува значајна победа на фудбалскиот пазар откако експресно го договори траснферот на шпанскиот репрезентативец Педро до редовите на Барселона. Тој беше премногу блиску до Манчестер јунајтед пред на да стапи на сцена Жозе Мурињо, кој експресно го убеди овој фудбалер кариерата да ја продолжи на „Стемфорд бриџ“ наместо на „Олд трафорд“. Во игра беше и Манчестер Сити, кој понуди повеќе од двата клуба, но Педро одлучи дека не сака да ја продолжи кариерата во синиот дел од Манчестер.
Повеќето шпански медиуми блиски до Барселона пренесоа дека фудбалерот веќе се наоѓа во Лондон за да ги договори личните услови, по што во текот на денот треба да ги помине лекарските прегледи.
Англискиот шампион постигнал договор со Барса да плати 28 милиони евра за крилниот фудбалер, плус дополнителни два милиона преку клаузули, за да се стигне до сумата од 30 милиони евра што каталонците ја бараа за овој играч.
Ангажманот на Педро се очекува да ги раздвижи работите во подобра насока за Челси, откако „сините“ очајно ја стартуваа новата премиерлигашка сезона, освојувајќи само еден бод во првите две кола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.