Во кабинетот на косовската претседателка Атифете Јахјага неодамна пристигнале двата закона за Специјалниот суд, но таа се уште не ги потпишала, пренесува дневниот весник „Зери“
Како што наведува Танјуг, законите не се потпишани поради тоа што Уставниот суд го разгледува предметот што ја оспорува уставноста на усвоениот амандман број 24, со кој се отвoри патот за основање на Специјалниот суд.
Советникот за медиуми во кабинетот на претседателката на Косово, Арбер Влахиу, потврди дека неодамна кабинетот на претседателката ги примил двата закона што се однесуваат на Специјалниот суд.
Тој додаде дека претседателката Јахјага ќе се однесува во согласност со Уставот на Косово, но и на постојните законски околности.
Влахиу не наведе дали постои можност претседателката на Косово да не ги потпише двата закона додека Уставниот суд не ја доносе својата мериторна одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.