Автобус усмртил жена на магистралниот пат магистралниот пат Охрид – Струга, кај селото Мислешево.
Според СВР Охрид несреќата се случила околу 21 часот кога автобус, од засега непознати причини, удрил во жената што се движела на патот. Од ударот жената, чијшто идентитет не е соопштен, починала на местото, а екипа на Итната помош од Струга само ја констатирала смртта.
Увид извршиле јавен обвинител и полициски службеници од Полициската станица – Струга, а истрагата треба да утврди под кои околности се случила незгодата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.