| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС со нова закана до БиХ: Не сте свесни што ве чека

isis makedonija2Не сте ни свесни што ви се подготвува. Наскоро ве чека голема трагедија. Фала му на Алах што им помага на своите искрени робови муџахедини – ова е најновата закана на ИСИС објавена на босански јазик и упатена до Босна и Херцеговина.

Пораката е објавена на порталот „Сабја на вистината“. Се претпоставува дека тој сајт е замена за Вести од Умет, кој до минатата недела редовно објавувал пораки и најави од оваа терористичка организација. На тој сајт била објавена и фотографија за која се тврди дека на неа се гледа убиството на Томислав Салопек со порака: Ова е крајот на хрватскиот државјанин и на секој што си поигрува со Исламската држава. Потоа сајтот бил исклучен.

Неофицијалните информации покажуваат дека околу 300 државјани на БиХ во моментот се борат под знамето на ИСИС во Сирија и во Ирак. Иако во Босна од лани е на сила закон што забранува заминување на државјани во странски боишта, тој не се применува.

ИСИС им се обрати и на Турците

ИСИС објави видеоснимка во која ги повикува Турците да „станат против неверниот претседател Реџеп Таип Ердоган и да помогнат во освојување на Истанбул. Видеото е објавено на веб-страницата СИТЕ, која ги следи активностите на терористите. „Ројтерс“, сепак, не можеше да дојде до потврда на автентичноста на снимката. Во видеото, маскиран џихадист ги повикува Турците да им се приклучат, а во негова близина има уште двајца вооружени мажи. Насловот на видеото е „порака до Турција“, а е пренесено од турските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top