| четврток, 6 декември 2018 |

Лоши навики поради кое сме несреќни

навики
Лошото расположение воглавно ни го предизвикуваат случувања кои се надвор од нашата контрола, но тоа не мора да значи дека животот треба да го поминеме како што не носи водата, туку мора да се потрудиме да пружиме отпор на лошите работи и на негативниот став кој тие го донесуваат.

Ова е листа на лоши навики кои не прават несреќни:

Немате исправено држење

Тоа како се чувствуваме може да влијае врз тоа како одиме , но и обратно. Ако одиме исправено, се чувствуваме подобро и размислуваме за позитивни работи. Барем така тврди истражувањето во магазинот „Journal of Behavior Therapy and Experimental Psychiatry“. Накратко, подигнете го носот, зафрлете ги рамениците наназад за да можете секогаш да ја гледате ведрата страна на животот.

Фотографирате се и сешто

Наместо да трошите време фотографирајќи го секој можен аспект од својот живот, подобро проживејте го во реалноста и добро запомнете го. Она што сте фотографирале воглавно не ви останува во помнењето.

Допуштате насилници да ве малтретираат

Во САД околу 35 отсто од вработените луѓе доживеале некаков облик на насилно однесување на работа. Ако некој постојано ве малтретира, тоа може да има ужасни последици на вашето ментално здравје. Затоа посоветувајте се со лекар за своето физичко и ментално здравје, и ако трпите последици поради ансилничкото однесување, обидете се да дефинирате за какво злоставување станува збор и кој го врши, информирајте се што може да направите преку правен пат во и надвор од вашето работно место за да си помогнете па на крај соочете се со изворот на проблемите .

Не вежбате

Ако само три пати неделно вежбате на некој начин (прошетките не се сметаат), шансите за лошо расположение во се намалуваат за дури 19 отсто. Ако сте помалку активни, тогаш ќе бидете повеќе нерасположени. Затоа излезете и прошетајте. Не мора да потрошите еден час за тоа, туку одете толку долго колку што тоа ви причинува задоволство.

Одолговлекувате
Поголемиот дел од луѓето ги одолговлекуваат своите обврски од различни причини, нмо тоа може да има негативни последици како што се стресот и напнатоста и сето тоа поради неизвршувањето на  обврските. Намалето го стресот на некој начин, со музика, трчање или со било што што ве релаксира, а потоа фрлете се на работа.
Во лоша врска сте

Романтичната врска подеднакво може да биде причина за среќа и лошо расположение, во зависност од вашето сложување со партнерот. Ако постојано сте под стрес, голема е веројатноста дека треба да почнете да размислувате за разделба. Личноста со која имате романтична врска никогаш не би смеела да ви дава чувство на помала вредност или неспособност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top