| четврток, 6 декември 2018 |

Франција и Британија со договор ќе ја решаваат кризата со мигрантите

бегалци
Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев и неговата британска колешка Тереза Меј ќе потпишат оваа недела договор со цел ублажување на мигрантската криза во француското место Кале.Со договорот ќе се обезбеди областа каде се илјадници луѓе кои имаат намера да влезат на британска територија, и да разбијат кругови на криминалци како и да се подобри хуманитарната помош за мигрантите, се вели во соопштение на МНР на Франција.

Најмалку 10 луѓе го загубија животот од јуни во обид да  влезат во Британија. Околу 3.000 луѓе од Африка, Азија и од Блискиот исток кампуваат во Кале во нехигиенски услови, а додека Франција и Британија се обидуваат да дојдат до заеднички став за кризата, тоа прашање ги заостри односите меѓу двете држави.

Британија досега издвои 22 милиона фунти за подобрување на безбедноста на влезот во Евротунелот од Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top