| четврток, 6 декември 2018 |

По киднапирањето, ќерката на познат бизнисмен пронајдена мртва

анели

Германска полиција во мало место крај Дрезден го пронајде телото на исчезната девојка, откако таа беше грабната и за неа беше баран откуп од 1,2 милиони евра.

Анели Мари Р., ќерка на познат богат бизнисмен, била киднапирана минатата седмица. Иако прво бараа откупнина, нејзиното тело било пронајдено мртво и покрај преговорите.

-Киднаперите ја нападнале во моментот кога го шетала своето куче на улица. Полицијата вчера ги прекинала преговорите со напаѓачите бидејќи се случила страшна и непредвидена трагедија, иако родителите молеле за нејзино безбедно враќање дома и ветиле дека ќе ја платата сумата- пишува Mirror.co.uk.

анели2

Телото на Анели било пронајдено во напуштен двор во селото Клипхаусен, во близина на нејзиниот дом. Двајца мажи биле уапсени за ова злосторство, еден во Дрезден, а друг во Баварија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top