| четврток, 6 декември 2018 |

Со владина помош во битка за зголемување на наталитетот

 бебе
Нам како народ ни прeтстои можеби најзначајната и најтешка битка која мора да ја добиеме и од која зависи нашиот опстанок. Тоа е битката против „Белата чума“.

Добро е да се има економски развој, да се развива спортот, науката, технологијата, но сето тоа е џабе доколку умираме како нација. Држава која не може да обезбеди природен прираст на населението нема иднина и сите успеси во било која друга област паѓаат во вода. Колку сме пообројни толку сме посилни. Нас како народ ни престои можеби најзначајната и најтешка битка која мора да ја добиеме и од која зависи нашиот опстанок. Тоа е битката против „Белата чума“.

За да може да се врши проста репродукција на македонската популација како и на секоја друга и е потребна стапка од тотален фертилитет од 2,1, или повеќе од две деца кои треба да ги роди жената во својот фертилен период од 15. до 49. година.“ Според податоците на Државниот завод за статистика фертилитетот во Македонија за 2014 година изнесувал 1.6 живородени деца на една жена. Што значи има уште многу работа.

Сепак познавачите на демографијата укажуваат дека секаде каде што била спроведувана активна демографска политика и биле соочувани традиционалните вредности имало позитвни резултати.

За тоа можеби најдобар пример е додатокот за трето дете. Не е ни најмалку случајно зголемувањето на бројот на третородени деца од 2008 година па наваму. Токму од таа година започна да се дава родителскиот додаток на секое третородено дете.

Само за споредба може да се земе општината Македонска Каменица каде во 2008 година биле родени 4 трети деца, а во 2014 година биле родени 16 трети деца, што е фасцинантен раст од 400 проценти.

Нешто слично се случува и во општината Крива Паланка, таму во 2008 година биле родени 7 трети деца, а во 2014 година биле родени 27 трети деца, што преставува раст од 285 проценти.

Зголемување има и во една од нашите најубави општини Охрид. Во оваа општина во 2008 година имало 40 третородени деца, за да во 2014 година нивниот број се зголеми на 53 третородени деца, што преставува раст од 32 проценти.

Семејството е света работа во која никој не смее и не може да се меша, сепак добро е да се помогне онаму каде што може и кога се може. Со додатокот за трето дете всушност тоа се прави, им се помага на семјствата кои на свет сакаат да донесат нов живот. Им се помага на нив, а всушност ни се помага на сите нас и на целото општество и затоа трeба да се продолжи.

Семeјство со три деца и многу љубов, така накратко може да се опише семeјството Туфекчиеви од Струмица, гости во емисијата „Време за бебе“ на МТВ, во кое по се изгледа како што имало нова рожба така растела и љубовта.Никола Туфекчиев и Анче Туфекчиева се одлучуваат да одат на трето дете и покрај тоа што второто е со Даунов синдром.

– Со второто дете имавме многу проблеми, многу пријатели и блиски ми велеа, Господ вас ве одбрал со таа дарба или со тој товар да го носите и јас верувам дека тоа било желба на Господ- вели Никола Туфекчиев татко на Верче Туфекчиева.

Но тоа кај нив не предизвикало очај туку напротив добиваат уште поголема сила.

– Се повеќе сум убеден дека не му фали ништо на дететото и тоа ќе биде во свој домен нешто, што сите други во неа ќе гледаат како успешен граѓанин на оваа земја – нагласува таткото.

Но проблемите кои ги имале никој случај не натежнале над нивниот оптимизам и огромната љубов кои го има оваа семјство, па така Анче покрај Вериче и Стефан одлучува да имаат и трето дете.

Секој пат викавме дека ќе имаме три деца дури и четири, па откако се случи оваа несакана, а всушност сакана бременост одлучивме да одиме до крај, значи да се роди детето, Верче и Стефан да имаат уште едно братче или сестричка, да бидат поголема фамилија и кога ќе пораснат да се грижат за едни за други. Ако останеа двајца немаше да бидат толку среќни како што се сега вели мајката Анче.

Така оваа храбро семeјство добива принова, односно на свет доаѓа малечката Ирина.

Скромноста, чесноста, храброста и некои други особини кои се се помалку присутни во денешно време се нивни сојузници, кои придонесуваат во нивното семeјство никогаш да не недостасува љубов.

– Не фантазираме за некои работи кои што не можеме да си го дозволиме, сето тоа за нас е луксуз, сакаме нашите деца да бидат скромни, чесни и поштени и за нас и за ова општество- вели такото Никола.

– Поголема фамилија поголемо богаство за родителите и на сите им препорачувам богаството е навистина во децата- тоа е поракaта на среќната мајка Анче, која би требало да ја чујат сите млади мајки и да не се плашат да го зголемат своето семeјство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top