| четврток, 6 декември 2018 |

Лекторите ја решија дилемата: „вибер“ или „вајбер“

Дилемата што ги мачи многу корисници на „паметни“ телефони е како правилно се изговара името на познатата апликација, која многумина ја користат.

Лекторите велат: „Секако – вибер!“.

Ако некој сака баш оригинал, би требало да знае декa системот „вибер“ го осмислиле Белоруси, и тие го изговараат „вибер“. „Вајбер“ е англиски превод. Ние не велиме „вајбрира“, туку „вибрира“, вели лекторка за српски „Блиц“.

Сепак, дел од лингвистите сметаат дека не е неправилно да се изговара и „вибер“ и „вајбер“, но додаваат дека „вајбер“ преовладува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top