| четврток, 6 декември 2018 |

Обука за земјоделците за штетното влијание на климатските промени врз земјоделските култури

zemjodelskiproizvodi

Подигнување на свеста кај земјоделскиот сектор за штетното влијание на климатските промени врз земјоделските култури е целта на настанот, кој денеска ќе се оддржи во овоштарник со круши во село Младо Нагоричане, Кумановско, во организација на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Земјоделците и советниците на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), ќе имаат можност да добијат информации и обука како да се соочат со проблемите што климатските промени ги предизвикуваат кај овошните култури и да го зачуваат приносот.

Во овоштарникот, каде што ќе се оддржи средбата, проектот на УСАИД поставил опитно поле каде биле аплицирани и тестирани неколку мерки за адаптација кон климатските промени како: УВ-заштитни мрежи, материјал за мулчирање, затревување на насадите со покровни култури, различни препарати за заштита од сончеви изгореници, детална програма за залевање и фертиригација и сл.

Преку работа со индивидуални земјоделци во насока на развивање и дисеминација на достапни технологии и практики за приспособување кон климатските промени, како и преку спроведување на сеопфатна кампања за зајакнување на јавната свест, Мрежата за рурален развој на Република Македонија започна да го спроведува проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени во април 2012 година, со цел да ги намали негативните ефекти од климатските промени во земјоделскиот сектор и оттука да им помогне на земјоделците да го задржат нивото на приход.

Проектните активности се фокусирани во медитеранската зона, вклучувајќи го вардарскиот регион со делови од Струмичко и Гевгелиско, земјоделско богати области, коишто се под најголемо влијание од климатските промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top