Времето во поголемиот дел од земјава ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Во северните делови и на планините попладне ќе настапи умерена локална облачност.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 32 степена.
Стабилно ќе биде и во среда, но во четврток поради продор на постуден воздух од север температурата ќе биде во опаѓање, а во попладневните часови ќе има локален дожд со ретки грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.