| четврток, 6 декември 2018 |

Грци потуриле македонски автомобил со зелена боја

грција

Граничната полиција евидентираше нов случај на  оштетување возило на македонски државјанин кој летувал во Р.Грција.

Имено, на 15.08.2015 г. на граничниот премин „Богородица“ од страна на Н.К. од Скопје, e пријавено дека на 14.08.2015 г. во местото Сарти, му било оштетно возилото, марка „cитроен Ц5“ со скопски регистарски ознаки.

На задниот дел од автомобилот му била потурена зелена боја (фарба). Случајот бил пријавен во грчката полиција, но пријавителот не добил никаков документ за поднесената пријава.

Овој случај се надоврзува со претходните пет случаи во кои беа оштетени возила на македонски државјани, како и еден случај на кражба на регистарски ознаки, кои сезонава се случија на повеќе места во Р.Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top