Барселона вечерва ќе се обиде да ја надмине огромната негатива од првиот меч во суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао од 4-0.
Избраниците на Луис Енрике пред преполниот „Камп ноу“ ќе се обидат да победат со 5-0 за да го освојат и петтиот трофеј оваа година. По освоените четири се очекуваше дека, можеби, најлесен ќе биде шпанскиот Суперкуп, но доживеаја дебакл на „Сан Мамеш“. Досега на ниту еден состав на каталонскиот гигант не му успеало да се врати во негатива од 4-0.
– Мечот во Билбао беше многу чуден, бидејќи Атлетик нè казни, буквално, за секоја грешка што ја направивме. Секако дека се наоѓаме во незавидна ситуација, но ако некој може да направи пресврт во ваква ситуација и да слави со 5-0, тоа е овој тим на Барселона. Максимално сме мотивирани, ова е голем предизвик на кој тимот би сакал да одговори на најдобар можен начин и да се закити со трофејот – изјави Луис Енрике.
Тренерот на Барселона се соочува со проблем на позицијата лев бек откако по Алба се повреди и Адријано, па сега на таа позиција од тимот шанса ќе добие Французинот Матије.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



