| четврток, 6 декември 2018 |

Баркли: Очекувам Коби да се пензионира в година, не можам да го гледам како се мачи

Еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката, Чарлс Баркли отворено проговори за Коби Брајант и посакува по оваа сезона тој да се пензионира.

– Се надевам дека ќе се пензионира бидејќи не сакам да го гледам како се мачи. Истото се однесуваше и за мене, веројатно играв две години подолго отколку што требаше. Мразев да го гледам Патрик Јуинг како се мачи, исто како и Мајкл Џордан додека беше член на Вашингтон визардс – објасни Чарлс Баркли.

Некогашниот член на Феникс и Хјустон смета дека Лејкерс и претстојната сезона нема да успеа да влезат во плејофот, а за Коби додаде дека и ако успее да остане здрав цела сезона, нема да може да ја врати некогашната форма и да биде корисен за тимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top